Преображение Христово

"Преображение Христово"

На 19.08.2019 година, кога Црквата го слави Преображението Христово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово.
Пред почетокот на Литургијата, чтецот Горан Цветковиќ од Куманово беше произведен во ипоѓакон, а на Светата Литургија во ѓаконски чин.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.