Преображение Христово

"Преображение Христово"

На 19.08.2020 година, кога Црквата го слави Преображението Христово, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка.
На Светата Литургија, јероѓаконот Симеон (Алексов) го ракоположи во јеромонах, а верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.