На 5 мај 2015 година, кога Црквата го слави споменот на преподобен Теодор Сикеот, епископ Анастасиополиски, во храмот на света Троица во Куманово Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија и во ѓаконски чин го ракоположи дипломираниот теолог м-р Филип Станковски. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преподобен Теодор Сикеот
"Преподобен Теодор Сикеот"