Како што соопштува SANA, на празникот на Светлото Христово Воскресение, претседателот на Сирија г. Башар ел Асад го посетил древното гратче Маалула кое неодамна сириската армија го ослободи од рацете на теророристите, и воспостави стабилност и безбедност во него.
Претседателот ја посети црквата на светите Сергиј и Вакх (Мар Саркис) и се запозна со размерот на направената штета. За време на посетата на манастирот на света Текла, претседателот Асад изјави дека ниту еден вид на тероризам не е во состојба да ја избрише сириската историја и цивилизација, и дека историските и културни споменици не припаѓаат на власта на варварството и темнината.
Тој им го честита Велигден на христијанското сириско население, посакувајќи им мир, безбедност и милосрдие.
Извор: Pravoslavie.ru