Претставници на Православната Црква на средба со Европскиот Парламент

"Претставници на Православната Црква на средба со Европскиот Парламент"

На 24 март годинава, пратениците од Европскиот Парламент во Брисел оствариле средба со европските верски лидери. Темата на нивниот состанок била „Подемот на верскиот радикализам и фундаментализам и улогата на меѓуверскиот дијалог во промовирањето на толеранција и почит кон човечкото достоинство“. Учесниците разгледале неколку аспекти поврзани со проблемот на верскиот радикализам, одредени елементи од европската политика против радикализацијата, а бил дискутиран и системот за меѓународно набљудување и правовремено предупредување на верските заедници против можните закани.

Московската Патријаршија на состанокот била претставена од протојереј Димитриј Сизоненко, претставник на РПЦ во меѓународните европски организации во Брисел. Покрај Руската Црква, биле присутни и претставници од Вселенската Патријаршија (галскиот митрополит Емануил) и Романската Патријаршија (протојереј Сорин Шелару).

Претседателот на ЕП, г. Мартин Шулц, во неговиот завршен говор истакнал дека најважно е да се даде можност за развој на дијалогот меѓу луѓе со различни убедувања, со цел овозможување на мирен соживот заснован на взаемна почит.

Извор: Московска Патријаршија