Претставник на Руската Црква учествуваше во дискусија за заштита на светињите

"Претставник на Руската Црква учествуваше во дискусија за заштита на светињите"

На 26 ноември годинава во Меѓународниот прес-центар во Брисел се одржала тркалезна маса на тема „Заштита на светињите во области со вооружени конфликти“, организирана од Советот на Европа во соработка со неколку невладини организации. Во рамките на заседението биле презентирани искуствата од спроведувањето на Меѓународниот кодекс за однесување на светите места, разработено од Европскиот совет на верски водачи. Во документот, меѓу другото, е потенцирано дека почитувањето на храмовите и светињите кое светот го имал низ историјата е од исклучителна важност за самоспознанието на цели народи. Во околности на војни, политички конфликти, територијални претензии и меѓуверски судири, токму светите места се најострите точки на судири меѓу завојуваните сили и затоа треба да бидат заштитени од насилство и оскверување.

На дискусијата биле презентирани и меѓународни проекти и иницијативи на европски невладини организации спроведени за превенција на вандални и скверни чинови, но и за зачувување на мирот и взаемното разбирање меѓу луѓето од неколку области во Светата Земја, Нигерија и Босна и Херцеговина.

Протојереј Димитриј Сизоненко, претставник на Руската православна црква во Европските меѓународни организации во Брисел говорел за напорите на Московската Патријаршија и помагањето на присуството на Христијаните на Блискиот Исток и во Северна Африка, како и развојот на поклоничките патувања во Ерусалим. Тој нагласил дека покрај светите места, потребно е да се заштитат и клириците и верниците, и нивните чувства и достоинство.

На крајот биле разгледани и различните аспекти на соработка меѓу претставниците на верските заедници со владините тела и граѓанското општество, со цел спречување на меѓуверски конфликти, осигурување на слободен пристап до светите места и воспоставување на безбедносен режим, обнова на урнати споменици, спроведување на археолошки истражување и проширување на образовната дејност.

Извор: Московска Патријаршија