Литургија на претходноосветени дарови во Крива Паланка

"Литургија на претходноосветени дарови во Крива Паланка"

Во петокот од шестата седмица од Великиот Пост, 10 април 2020 г., во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови.

На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.