Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

"Литургија на претходноосветени дарови во Куманово"

Во средата од првата седмица од Великиот Пост (13 март 2019 г.), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови.

На Божествената Литургија присуствуваа свештениците од Кумановско-осоговската епархија, кои после Литургијата пристапија кон светата тајна исповед. Со благослов на митрополитот Јосиф, свештениците ги исповедаше протојереј-ставрофор Доброслав Бошковски.

На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.