Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

"Литургија на претходноосветени дарови во Куманово"

Во петокот од втората седмица од Великиот Пост, 13 март 2020 г., во храмот на света Троица во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.