Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

"Литургија на претходноосветени дарови во Куманово"

Во петокот од првата седмица од Великиот Пост (15 март 2019 година), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови.
На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.