Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

"Литургија на претходноосветени дарови во Куманово"

Денес (07 март 2014г.), во петокот од првата седмица од Великиот Пост, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.