Литургија на претходноосветени дарови во Кратово

"Литургија на претходноосветени дарови во Кратово"

Во средата од третата седмица од Великиот Пост (11 март 2015г. по Хр.), во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.