Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

"Литургија на претходноосветени дарови во Куманово"

Денес (14 март 2014г.), во петокот од втората седмица од Великиот Пост, во храмот на света Троица во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, отслужи Литургија на претходноосветени дарови. На Божествената Литургија, верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.