Литургија на претходноосветени дарови во Кратово

"Литургија на претходноосветени дарови во Кратово"

Во средата од третата седмица од Великиот Пост, 15 март 2017 г., во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.