Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

"Литургија на претходноосветени дарови во Куманово"

Во средата од втората седмица од Великиот пост, 28 февруари 2018 г., во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.