Причината за украинскиот конфликт лежи во моралната ерозија на елитите

"Причината за украинскиот конфликт лежи во моралната ерозија на елитите"

Претседателот на Информативната служба на Украинската Православна Црква – Московска Патријаршија (УПЦ-МП), г. Василиј Анисимов, во едно скорешно интервју пренесено од страна на Православното друштво „Радоњеж“ излегол со критика за украинските власти.

– Мислам дека причината за развојот на воениот конфликт во Украина е духовната и морална ерозија на владеачките елити. Крвопролевањето, погазувањето на човековите права и слободи, цензурата, лагата, насилството, па дури и суровите политички убиства во центарот на главниот град, и тоа дење, веќе не предизвикуваат ниту згрозување, ниту гадење [од истите].

Според г. Анисимов, народот се чувствува удобно во ваквата атмосфера.

– Сведоци сме дури и на злорадост, „насладување од фашистичкиот притисок“, како што великиот киевец Јуна Моритц некогаш пишувал. Слично како и пред Потопот, луѓето не можат да го разликуваат доброто од злото, не сакаат дури ни да се потрудат да го сторат тоа. Токму затоа сметам дека причините за ова што ни се случува се со морална природа, – изјавил гласноговорникот на УПЦ-МП.

Сепак, тој смета дека не треба да се потценат ниту политичките причини: „Страната која посакува војна најмногу се плаши од мирот: секој може да ги преброи раните и да праша што е причината за уништувањето на половина земја, за крвопролевањето, за разорувањето на другите краишта“.

– Нашиот пат кон мирот не е едноставен: два чекори напред, еден назад – заклучил тој.

Извор: Интерфакс