На 22.02.2015 година, во Неделата на простувањето, кога Црквата годинава го прославува споменот на светиот маченик Ѓорѓи Кратовски, Неговото високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Неговото високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во храмот на свети Ѓорѓи Кратовски во Кратово служеше Света Златоустова Литургија. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Недела на простувањето
"Недела на простувањето"