Промоција во манастирот на свети Георгиј во Старо Нагоричане

"Промоција во манастирот на свети Георгиј во Старо Нагоричане"

Пред голем број верници на МПЦ-ОА, Кумановско — осоговска епархија, во четвртокот, 27 август 2020 година, во манастирот на свети вмч. Георгиј во Старо Нагоричане, Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Григориј ја промовираше книгата „Борба против страстите“, од Митрополит Николај Моглиевски, преведена од српски јазик, во издание на Издавачката дејност на Кумановско – осоговската епархија „Тавор“.
Предговорот и рецензијата на книгата е од Митрополитот г. Григориј.