Споменот на преп. Силуан Атонски беше свечено одбележан на 24 септември во рускиот манастир на свети Пантелејмон на Света Гора, во кој пред 45 години се подвизувал преподобниот. Денес таму почитваат неговите чудотворни мошти.
Со празничната богослужба началствуваше Митрополитот Подолски г. Теодор, а на свеченоста присуствуваа многубројни поклоници од Русија, Украина, Белорусија, Молдавија, Грција и други земји. Истиот ден беше отслужена Божествена Литургија и во храмот на преп. Силуан (изграден во 1999 г.) близу до црквата на св. Илија, каде што се подвизувал св. Силуан, и му се јавил Самиот Господ. Бидејќи е директно поврзан со животот и подвизите на светиот старец, тој се смета за голема светиња на Света Гора, и во последно време прерасна во поклонички центар кој е посетен од сите кои притекнуваат кон руската обител во монашката република.
Извор: Православие.ру