Под покровителство на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, од 7-ми до 9-ти мај годинава во Атина ќе се одржи прва Меѓународна конференција за дигитални медиуми и православна пастирска грижа. Конференцијата е во организација на Институтот за истражување, зачувување и промовирање на духовни и културни традиции „Св. Максим Грк“, во соработка со Православната христијанска мрежа на Асемблејата на канонски епископи на САД и порталот „Богослов“ од Одделот за верска настава на Московската Патријаршија.
Конференцијата ќе ги вреднува и ќе се осврне врз православната пастирска грижа спроведена преку дигиталните медиуми и динамиката на православното присуство во оваа сфера. Понатамошните дискусии ќе се фокусираат на еволуцијата на православниот дискурс во кибер-просторот. Целта на Конференцијата е координација на напорите за поефективно ширење на Евангелието на корисниците на интернет, а во слава на Бога. Исто така, Конференцијата има за цел од нејзината работа да произлезе добро-изграден и заеднички напор за ширење на вредностите на православното предание меѓу луѓето со добра волја.
Вкупно 75 експерти – клирици и лаици од 21 земја – ќе говорат на Конференцијата,
Официјалната веб-презентација е достапна на следната врска: http://www.dmopc15.com/
Извор: myocn.net