Псалтир – нова апликација за паметни телефони

"Псалтир – нова апликација за паметни телефони"

Со благослов на Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, информативната служба на Кумановско-осоговската епархија ја изработи и објави апликацијата „Псалтир“ за паметни телефони. Апликацијата е бесплатна, наменета телефони со оперативен систем Android (верзија не постара од 4.1) и може да се спушти на официјалниот Google Play.
Псалтир
Во неа прегледно се организирани псалмите во 20 катизми, а достапно е и Молитвено правило пред читање на Псалтирот, како и седмичен распоред за читање, во и вон деновите на Великиот пост.

Ова е втора бесплатна апликација за корисниците на ОС Android достапна на профилот на Кумановско-осоговската епархија на Google Play. Минатиот ноември беше објавена апликацијата „Православен молитвеник“.

Врска за спуштање: Псалтир