Работен состанок меѓу Комисијата на УПЦ-МП и УПЦ-КП и УАПЦ

"Работен состанок меѓу Комисијата на УПЦ-МП и УПЦ-КП и УАПЦ"

На 26 март 2014 година, во Киевo-печерската лавра на Зачатието на света Ана се одржа работен состанок меѓу Комисијата на Украинската православна црква – Московска Патријаршија со украинските непризнаени православни заедници (Украинска православна црква – Киевска Патријаршија и Украинска автономна православна црква). Состанокот го водеше архиепископот на Луганск и Алчевс, Митрофан, претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Украинската православна црква.

Учесниците подвлекоа дека дијалогот претпоставува крај на говорот на омраза и верските судири, како и тоа дека секој спор меѓу заедниците мора да биде решен на мирен начин. Беше нагласено дека е недопустливо да се води дијалот под притисок од било која политичка сила.

Членови на Комисијата потврдија дека дијалотог е насочен кон надминување на црковните поделби во Украина, и додадоа дека во нивната работа се раководат од ставот што Свештениот Синод на Украинската православна црква го објави на 24 февруари оваа година, а според кој „Шизмата мора да биде надмината низ еден балансиран и компетентен дијалог кој треба да се спроведе согласно православното канонско право“.

Извор: Pravmir.com