Речиси 50 илјади украински бегалци се сместени во руските привремени прифатилишта

"Речиси 50 илјади украински бегалци се сместени во руските привремени прифатилишта"

Бројот на бегалци од југоисточните делови на Украина кои моментално живеат во руските привремени прифатилишта се приближува кон 50 000, изјавил претставник од Центарот за соочување со кризи за РИА Новости минатиов петок.

– Заклучно со петок, во 662 привремени прифатилишта се сместени 48 830 украински бегалци. Само ден претходно, нивната бројка беше 47 540 – изјавил претставникот, додавајќи дека речиси 29 000 бегалци претходно биле сместени во другите региони во Русија.

Привремените прифатилишта најчесто се лоцирани во образовни и спортски објекти, болници, летувалишта и детски летни кампови, во кои бројот на легла варира од 50 до неколку илјади.

Приливот на украински бегалци во Русија се зголеми од јуни годинава поради вооружениот конфликт меѓу доњецките сепаратисти и украинските сили. Според руските официјални статистики и Високиот Комесар за бегалци во ООН, г. Винсент Кошетел, вкупно 730 000 Украинци пребегнале во Русија од почетокот на новата војна.

Извор: Правмир