Привршува реставрацијата на манастирот на св. Георгиј во Старо Каиро. Се работи за градежнички потфати на ротондата, кои се изведуваат со благослов на Александрискиот Папа Теодор II.
Според грчки новински извор, официјалното отворање на манастирот ќе биде величенствено и раскошно, во присуство на водечките личности од Православната Црква и одредени државни лидери. Настанот е планирано да се случи во следните месеци, иако не е прецизиран точен датум. Во официјалното соопштение на веб презентацијата на Светата Александриска Патријаршија се вели: „Реновирањето на комплексот на древната базилика и патријаршиски манастир на св. Георгиј во Старо Каиро, сеправославно и универално светилиште од голема верска и духовна важност претставува врвен дострел на повеќеслојните потфати на Неговата Светост во сферата на реновирање“.
Пукнатините во ѕидовите, појавата на влечишта во земјата и промените во постоечката ѕидна конструкција влијаело врз нарушување на статиката на ротондата изградена врз трикатна римска кружна кула од првиот век, која пак била дел од бедемите на Вавилон. Заедничкиот ангажман на група археолози, инженери, архитекти и конзерватори, е насочен кон затегнување и реконструкција на римската кула и поновата црква, како и зачувување на живописот на Константин Партенис.
Инаку, манастирот на св. Георгиј (Деир Ал-Банат) во Старо (Коптско) Каиро е женски манастир во близина на седиштето на Александриската Црква, црквата на св. Георгиј (Мар Гиргис).
Извор: Greekreporter.com