Светиот Синод на Романската православна црква ја прогласи 2014 година за Официјална евхаристиска година (година на Светата Исповед и Светата Причест), и година за одбележување на споменот на Бринковјанските маченици.
Одбележувањето на евхаристиската година ќе се реализира преку црковната рамковна програма од литургиски, културен и медиски аспект, а во него удел ќе земат сите епархиски и црковно-образовни тела и институции. Предвидени се многубројни конференции, средби, симпозиуми, но и пастирски, богословски, катихетски и духовни семинари. Планирано е во нив удел да земат повеќе ерарси, професори, свештеници и монаси.
Централните настани се планирани во две етапи: првата, на пролет, планира одржување на полгодишна пастирско-мисионерска конференција на која ќе се зборува на темите: „2014 – Официјална година на Евхаристијата“ и „Година на одбележување на споменот на светите Бринковјански маченици“, и втората, на есен, преку втората полгодишна пастирско-мисионерска конференција на која ќе се зборува за Бринковјанските маченици.
Извор: http://basilica.ro/