На редовната седница на Светиот Синод на Романската православна црква на 28 и 29 октомври годинава, со која заседаваше Неговото Блаженство, Патријархот Даниел, беше одлучено 2016 година да биде година на верско образование на православната младина, но и година во која ќе се прослави 300-годишнината од маченичката смрт на светиот свештеномаченик Антим Ивирски, митрополит, црковен автор и издавач. На Синодот, исто така, со одобрување и задоволство беа разгледани резултатите од одбележувањето на 2014 година како Свечената Евхаристиска година (на светите тајни Исповед и Евхаристија) и јубилејна година на Бринковјанските маченици. Беше одобрено и посланието што треба да се прочита во црквите во Романија во првата недела од Божикниот пост.
Понатаму, јерарсите ја поддржаа националната кампања на Патријаршијата „Дарувај крв! Спаси живот!“ која се спроведува со поддршка на Романската телевизија и Министерството за здравство. Во поглед на претстојните избори, беше нагласена потребата служителите на светите олтари и верниот народ на Романија да гласа во духот на верата и љубовта кон Христа и нацијата, имајќи ја на ум својата христијанска и граѓанска одговорност за добросостојбата на романското општество и иднината на Романија.
Извор: Информативна служба на Романската Патријаршија