На 9 јуни годинава, Неговата Светост, Романскиот Патријарх Даниел ги освети и отвори новите студија на Радио-телевизијата „Тринитас“ („Троица“) во склоп на социо-културниот центар „Патријарх Јустин“.
„Ви посакуваме многу помош Божја, заштита од Сесветата Троица и радост во работата, затоа што, како што на почетокот кажавме, апостолската проповед била фокусирана на Троица единосушна и неразделна. Тоа е радоста на христијанската мисија. Многу голема работа беше завршена во навистина краток период, и се надеваме дека сè ќе биде функционално. Ви посакуваме добро здравје, радост, и многу помош Божја“, се обрати Патријархот пред присутниот тим на РТВ „Тринитас“.
Радио-телевизијата „Тринитас“ е дел од патријаршискиот прес-центар кој својата работа ја започна на 27 октомври 2007 година на денот на св. Димитриј Нов, заштитникот на Букурешт. Основана е со благослов на Патријархот Даниел во 1996 година. Со својата програма покрива 65% од територијата на Романија, преку европскиот сателит EUTELSAT W2. На програмите се емитуваат видео и аудио преноси од богослужбите во Романија – Литургии, Вечерни, Утрени, но и вечерни и утрински молитви. Се прикажуваат и патеписи од црковни знаменитости, а се емитуваат и вести, дебати и отворени студија на кои се разгледуват поважните социјални и културни настани.
Извор: Романска Патријаршија