Високопреподобниот игумен на манастирот Филотеј на Света Гора, архимандритот Никодим испратил честитка до рускиот народ по повод Рождеството Христово и Богојавлението.
Во него е напишано:
„Возљубени во Христа браќа!
Срдечно посакувам со радост и духовно ликување да ги поминете празниците на Рождеството Христово и Богојавлението. Дополнително, ви посакувам благословена Нова 2016-та година.
Изминатата година за целото човештво означи зголемување на небезбедноста, зголемување на потешкотиите во сите сфери на општествениот живот. Се случува директен напад на христијанските вредности и на народите кои се јавуваат како носители на тие вредности. Во оваа тешка ситуација, Русија се најде на предниот фронт, обидувајќи се да ѝ се спротивстави на ваквата агресија.
Од сета душа посакувам во Новата 2016 година, со благодатта на Младенецот Христос Кој во јасли се роди, и преку застапништвото на Неговата Пречиста Мајка, Секогашдева Марија, да излезете како победници во вашата лична борба со сите искушенија, а вашата татковина да победи во борбата со непријателите на Вистината и човештвото.
Игумен на Свештениот манастир „Филотеј“
Архимандрит Никодим
со моите во Христа браќа“
Извор: Православие.ру