Рождество на Пресвета Богородица

"Рождество на Пресвета Богородица"

На 21.09.2014 година, кога Црквата го прославува Рождеството на Пресвета Владичица наша Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, во сослужение со Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан служеше Света Златоустова Литургија во храмот на Пресвета Богородица во Скопје. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.