Во Ранковце прославено Рождеството на Пресвета Богородица
21 септември 2015
"Во Ранковце прославено Рождеството на Пресвета Богородица"
На 21.09.2015 година, кога Црквата го прославува Раѓањето на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф изврши Мал водосвет и ги освети славските колачи во храмот на Раѓањето на Пресвета Богородица во с.Ранковце.