На 15 јули 2014 година, во Синодалниот оддел за црковно милосрдие и социјална работа, се одржала првата средба меѓу мешовитата работна група за помош на украинските бегалци. На состанокот била објавена сумата собрана на сметката на Синодалниот оддел, која изнесува 10 752 000 рубљи, или околу 226 000 евра.
Најголем дел од раселените Украинци се згрижуваат во Росковската област. Според јерејот Евгениј Осјака, претседател на Социјалниот оддел на Росковската епархија, има околу 30 000 бегалци кои се згрижени во таа област. Тој посочил и дека епархијата се соочува со проблеми околу прехранувањето на луѓето згрижени во привремените центри за згрижување. До седиштето за црковна помош пристигнале дополнителни 1 800 апликации со барање за помош од бегалци кои се згрижени кај нивните роднини.
Според Епископот Орехово-Зуевски Пантелејмон, епархиите кои им помагаат на раселените лица ќе треба да побараат помош од Синодалниот оддел за финансирање.
Извор: Православен свет