РПЦ ќе гради црква во Њу Делхи

"РПЦ ќе гради црква во Њу Делхи"

Најавена е изградба на првиот храм на Руската православна црква – Московска Патријаршија во главниот град на Индија, пренесуваат новинските агенции.

„Донесена е одлука наскоро да се отпочне со изградба на првиот храм на РПЦ-МП во склоп на Рускиот културен центар. Оваа локација беше соодветна, и за неа наидовме на разбирање од локалните власти, затоа што градењето на храм во склоп на постоечкиот центар не побарува носење на никакви дополнителни одлуки, освен архитектонски“, изјавил на Индиската новинска агенција постариот советник од Руската амбасада, г. Сергеј Кармалито.

Иако е една од најбројните православни заедници во Индија, парохијата која во 2011 година била основана од Московската Патријаршија моментално ги користи просториите на Руската амбасада.

„Властите во Москва одлучија да го финансираат проектот, така што, очекуваме храмот да биде изграден наскоро. Инспирација за изградбата на оваа црква ни беа бројните Руси и Русинки кои се омажени во Индија, како и семејствата на членовите на дипломатската мисија во Индија“ додал г. Кармалито.

Претходно, Амбасадата на Руската Федерација разгледувала предлот за основање на постојана парохија во Гоа, каде приближно 10.000 Руси поминуваат барем 6 месеци.

Првата руска православна парохија во Делхи, именувана според името на апостолот Тома, кој се смета за просветител на Индија, била основана во 2006 година за време на посетата на сегашниот Патријарх Кирил, кој во тоа време бил Претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија.

Извор. The New Indian Express