Западно-американската епархија на РПЗЦ објави дека ќе ги одбележи 700-годишнината од раѓањето на св. Сергиј Радонежски и 50-годишнината од прославувањето на св. Јован Кронштадтски. Неговото Блаженство, Архиепископот Кирил најави епархиско поклоничко патување во црквата на св. Серафим Саровски во Монтереј, Калифорнија, на 4 октомври годинава.
– Годинава, 2014, помесната Руска Црква ја слави 700-годишнината од раѓањето на преподобниот и богоносен Сергиј Радонежски, а Задграничната Црква – 50-годишнината од прославувањето на светиот праведен Јован Кронштадтски. Ова е јубилеј на двајца застапници кои во себе ги вотелотворуваат, од една страна – руското православно монаштво, а од друга страна – пожртвуваното парохиско пастирство. Единствено тие во историјата на Руската Црква заслужиле особени титули – првиот бил наречен „Старец на Руската земја“, а вториот – „Пастир на цела Русија“. На некој начин, овие годишнини ни дозволуваат да се потсетиме на животите и учењата на Божјите угодници, да се обратиме кон нив со усрдна молитва, да ги разбереме нивните борби од денешен аспект и да ја зајакнеме врската на љубов и вера на нашето паство со нив – се вели во одлуката на РПЗЦ.
Извор: Руска православна задгранична црква