Московската Патријаршија ги обвинува украинските Унијата за разгорување на насилството против православните Христијани

"Московската Патријаршија ги обвинува украинските Унијата за разгорување на насилството против православните Христијани"

Московската Патријаршија уште еднаш ја изрази својата загриженост околу поддршката што украинските Унијати им ја даваат на украинските радикали.

– Кога започна да се пролева крв и паднаа првите жртви по улиците на Киев и другите градови во Украина, епископатот и свештенството на Украинската грко-католичка црква повика на зголемување на насилството. Заедно со неколку шизматични и псевдо-црковни структури, тие ги поддржаа екстремистичките националистички групи – изјави јеромонах Стефан Игумнов, Секретар на Одделот за надворешни црковни врски на РПЦ-МП во интервјуто дадено за еден руски весник.

Според него, претставниците на Унијатската црква честопати агресивно се изразуваат во врска со Православната Црква: „Како што знаеме, многу православни свештеници и членови на нивните семејства беа изложени на насилство од страна на националистите кои се поддржани од Унијатите и шизматиците. Украинската грко-католичка црква не сопре со таквата агресивна реторика дури и во деновите кога во источна Украина беше воспоставено кревко примирје.“

Според Секретарот, минатиот месец Унијатскиот Синод излегол со став кој повикува на уште поголема радикализација на конфликтот: „Оваа ситуација нè враќа назад во деведесеттите години од минатиот век, кога Унијатите ги искористија политичките промени во западна Украина и Источна Европа и започнаа да ги запоседнуваат православните цркви, гонејќи и убивајќи свештеници.“

Извор: Правмир