Според записите на новинските агенции кои вчера ги пренесовме, околу 1 милион луѓе во понеделникот (19 јануари 2015г.) зеле учество во протестниот марш против објавувањето на карикатури во францускиот неделник „Шарли Ебдо“ со кои се навредува муслиманскиот пророк Мухамед. Сличен протест бил одржан во Ингушетија (република во склоп на Руската Федерација) минатата сабота, на кој се собрале 15 000 демонстранти.
„Да не заборавиме дека рускиот Северен Кавказ беше цел на верските екстремисти и терористи повеќе отколку било кој друг регион во Русија или светот, и оттука, важно е да се чуе гласот на луѓето кои излегоа на улиците на Грозни“ – изјавил Претседателот на Синодалниот информативен оддел, г. Владимир Легоида. Според него, важно е да се нагласи дека во протестите во Грозни учество зеле и неколку православни епископи и свештеници, кои „на тој начин ја искажале нивната длабока почит пред муслиманското достоинство кое е загрозено од апсолутистичката слобода на говор“. Тој понатаму ги повторил неговите ставови дека сите верници имаат право да ги искажат нивните мислења, и дека руските муслимани го употребиле ова нивно право „отворено кажувајќи дека не ја делат популарната идеја за слобода и попустливост, како и приоритетот на таквите ‘слободи’ пред моралот и религиските вредности.“
– Убеден сум дека не само верниците, туку и секој човек одгледан во духот на традиционалната европска култура никогаш не би се насмеал на нешто што е свето за неговиот сосед. Токму на овој принцип се заснова она што во Русија и светот се нарекува „религиски мир“ – заклучил Легоида.
Извор: Правмир