Руската Црква се надева дека убиството на Немцов нема да биде злоупотребено

"Руската Црква се надева дека убиството на Немцов нема да биде злоупотребено"

Руската Православна Црква го изрази нејзиното сочувство за убиството на опозицискиот лидер Борис Немцов во центарот на Москва, во саботата наутро. Во изјавата на Претседателот на Синодалниот Оддел за односи меѓу Црквата и државата, отец Всеволод Чаплин, се вели: „Секое беззаконско прекинување на животот на еден човек е трагедија за оние кои го знаат, особено за неговите роднини. Не можеме, а да не ја споделиме тагата со овие луѓе“.

Покрај изразите на длабоко сочувство, Чаплин ја изразил и надежта дека „како и секое друго кривично дело, и ова ќе биде истражено најбрзо што може.“

– Правдата мора да ги стигне извршителите на овој чин. Исто така, се надевам дека оваа трагедија нема да биде искористена за срамни политички игри и манипулации – заклучил свештеникот.

Извор: Интерфакс