Руски манастир во Германија подготвен да прими сириски бегалци

"Руски манастир во Германија подготвен да прими сириски бегалци"

Според зборовите на игуменот Даниил на манастирот на св. Ѓорѓи во Готшендорф, во близина на нивниот манастир се наоѓа петкатен дом во кој половина од живеалиштата се празни – и тие може да бидат пополнети со христијански бегалци од Сирија.

– Прашањето е отворено и го разгледуваме со властите. Можеби ќе биде тешко да се профилираат мигрантите, со тоа е прашање на време – убеден е игуменот.

Во интервјуто за Интерфакс, тој посочил дека манастирот ќе понуди и грижа за постарите лица, курсеви по германски јазик, учество во секојдневната работа на манастирот, но и она што е најважно – учество во богослужебниот живот.

– Ако успееме, ова ќе биде прво искуство од ваков вид за нас – раскажал игуменот, објаснувајќи дека римо-католичките и коптските заедници во Германија веќе имаат развиено бегалски кампови за христијани и за создавање услови за нивна интерграција во германското општество.

– Ние само што започнуваме со пружање помош на бегалците и не можеме да предвидиме што ќе следи. Но, мора вистински да се потрудиме и да ја искористиме секоја можност за да им помогнеме на браќата-христијани кои се во неволја – заклучил настојателот на манастирот на св. Ѓорѓи.

Извор: РИА