На 12 март 2015 г. Неговата Светост, Патријархот Московски и Руски г.г. Кирил ја посетил гимназијата на св. Василиј Велики во Одинцовскиот регион на Москва. Пред гимназијата, Патријархот бил пречекан од раководството на гимназијата предводено од директорот, г. З.М. Чавчавадзе и духовникот на гимназијата, протојереј Владимир Вигиљански. Патријархот бил во придружба на неколку архиереи, г. Владимир Легоида, г. А. Иванов, како и претставители од администрацијата на Московската област.
На самиот влез во установата, група на ученици од најстарите и најмладите оделенија го испеале тропарот на св. Василиј; оттаму, делегацијата ги разгледала училишните простории. Во улога на водич се нашло едно девојче, воспитаничка на гимназијата. Откако биле разгледни училниците и спротските сали, Патријархот седнал во училишните клупи, на час по национална историја за VI одделение.
По завршувањето на часот, Патријархот остварил средба со учителите, учениците и нивните родители. Обраќајќи се пред насобраниот народ, Светејшиот истанал дека во животот секогаш треба да се избира потешкиот пат, затоа што „Царството Небесно насила се зема“. „Подвиг на самоограничување, способност да се избере потешкиот пат – успехот е невозможен без овие работи. Ви посакувам да бидете способни да не го избирате најлесниот пат во животот. Тогаш ќе постигнете големи резултати“, заклучил Патријархот.
Извор: РПЦ-МП