Институтот Гејтстон го објави редовниот реферат на Рајмонд Ибраим за погонството на христијаните во исламските земји, овој пат насловен и како „Месец на ужасот за христијаните во исламските земји: септември ‘2013“, соопшти порталот Седмица.ру.
Во центарот на вниманието на овој извештај е погубувањето на осумдесет христијани кои не сакале да примат ислам, обидувајќи се да ги заштитат своите огништа во Малула, Сирија. Најмалку две стари цркви се ограбени и разрушени. Повикувајќи се на информации од „Кристијан Пост“, во извештајот уште се соопштува и за погубувањето на христијаните кои одбиле да примат ислам во Ал-Саури, и за рушењето на црква во Раки. Овие напади следеле по објавувањето на фетвата (советување, одлука, заб. на прев.) одобрена од шест муфтии со која се „легализирало“ правото на сунитите за присвојување на христијански имот, како и имотот на другите религиозни малцинства и несунитски муслимани.
Понатаму се разгледува изјавата на сенаторот Меккејн според кого извикот „Алах акбар“ е идентичен на христијанскиот „Слава на Бога“, како и тоа дека сириските бунтовници проповедаат „умерен ислам“.
Во септември, во пакистанскиот град Пешавар двајца бомбаши-самоубијци се самоубиле пред црквата „Сите Светии“, при што погинале околу девеесет христијани. Во Карачи, пак, еден муслиманин го обезглавил 58-годишниот христијанин Бут Масих, извикувајќи „Тој го навреди Мухамед“.
Продолжија да пристигнуваат и информациите за злоставување од Египет. Во селото Далга, муслиманите им наметнале посебен данок на христијаните. Оние што одбиле да платат „џиза“ биле биени, а биле киднапирани и членови од нивните семејства. Било пукано врз автомобилот на епископот Мина Анбу Макариос, со цел да биде спречено заживувањето на една црква којашто, поради безбедносни причини, била затворена пред 10 години.
Во Либија биле стрелани двајца египетски Копти кои одбиле да примат ислам, што претставува трет напад во две недели. Убијците не се уапсени. Во Нигерија, во близината Џос, биле убиени пет христијани што одбиле да примат ислам. Поради истата причина, во нигериските села Аду, Занганг и Дорава биле убиени неколку десетици христијани – католици и протестанти.
Во Сомалија, членовите на „Ал-Шаабаб“ убиле 35-годишна христијанка. Членот на авганистанскиот парламент Назир Ахмед Ханафи предложил казни за сите Авганистанци кои станале христијани.
Рајмонд Ибраим го завршува извештајот, нагласувајќи дека оваа „пандемија на прогон врз христијаните“ во исламските земји треба да се бара во шеријатскиот светоглед.
Извор: www.pravoslavie.ru