Во Шамбези продолжува заседанието на Специјалната меѓуправославна комисија

"Во Шамбези продолжува заседанието на Специјалната меѓуправославна комисија"

Во Православниот центар на Вселенската Патријаршија во Шабези, во близина на Женева, од 16 до 21 февруари годинава продолжува заседанието на Специјалната меѓуправославна комисија за подготовка на Сеправославен собор. Комисијата го разгледува предлог документот со наслов „Придонесот на Православната Црква во славењето на мирот, праведноста, слободата, братството и љубовта меѓу народите и елиминацијата на расната и другите дискриминации“, усвоен на Третата сеправославна предсоборска конференција одржана есента 1986 година.

За потсетување, Комисијата е основана врз основа на одлуката од Соборот на поглавари на Помесните Православни Цркви одржан во Истанбул од 6 до 9 март минатата година, и ја продолжува работата од првото заседание одржано од 30 септември до 3 октомври 2014г.

Извор: Московска Патријаршија