Сè повеќе цркви настрадуваат во вооружениот судир во Украина

"Сè повеќе цркви настрадуваат во вооружениот судир во Украина"

Овој пат, медиумите јавуваат за два нови случаи на оштетувања на цркви. Според шефот на Информативната служба на Донетцката епархија, протојереј Георгиј Гуљаев, покривот на женскиот манастир посветен на Иверионската икона на Мајката Божја бил опожарен. Сестринството од манастирот било претходно евакуирано поради безбедносни причини. Самиот манастир се наоѓа во близина на пистата на донецкиот аеродром, и поради тоа е изложен на безбедносен ризик. Претходно, гасоводот во манастирот бил оштетен, од вооружените пресметки.

Вториот случај е поврзан со црквата на св. Сергиј Радонежски во Луганск, на чиј покрив паднала граната токму на денот на празнување на откривањето на чесните мошти на светиот Сергиј. За среќа, во моментот на експлодирање на гранатата во храмот немало луѓе.

И во двата случаи причинета е само материјална штета.

Извор: Интерфакс