Сè повеќе Муслимани стануваат Христијани во Египет

"Сè повеќе Муслимани стануваат Христијани во Египет"

Според еден извештај, неодамна објавен на веб презентацијата на Латинскиот Патријархат во Ерусалим, состојбата со Коптските Христијани во Египет се подобрува по рушењето на власта на Муслиманското Братство. Истовремено, сè поголем е бројот на Муслимани кои се враќаат кон нивните христијански корени, се вели во извештајот:

– Организации блиски до Христијаните од Истокот, и самите Копти, говорат за зголемениот број на преобратени Муслимани. Тешко е да се определи вистинскиот број, затоа што сè почеста е појавата на тајни Христијани (крипто-Христијани), кои соочени со правните последици од нивното конвертирање, за да го зачуваат нивниот живот, го кријат фактот на нивното покрстување.

Еден од новопокрстените Муслимани, кој инсистира да остане анонимен, вели: „Не ни се заканува политичката моќ на државата, туку нашите најблиски роднини. Доколку еден Муслиманин се покрсти, неговото семејство и соседите можат да го претепаат, па дури и да го убијат, зашто тој чин се смета за отпадништво“.

Коптската православна црква е ориентална православна дохалкидонска црква со околу 9 милиони верници. Коптската римо-католичка црква, пак, брои околу 162 илјади верници.

Извор: Правмир