Митрополит Серафим Пирејски: Кризата во Грција е претходно испланирана

"Митрополит Серафим Пирејски: Кризата во Грција е претходно испланирана"

Еден од најпочитуваните архијереи од Грчката Црква, Митрополитот Пирејски г. Серафим организираше хуманитарен концерт за помош на сиромашното грчко население, погодено од финансиската криза во земјата. Концертот наиде на одобрување меѓу народот, и беше посетен од мноштво посетители, со што се собра значителна сума на средства кои ќе им бидат поделени на оние на кои им се најпотребни.

Обраќајќи им се на присутните, митрополитот Серафим истакна:

– Живееме во трагично време за нашата земја. Причината за оваа катастрофа не е некоја природна катаклизма, туку алчноста и предумислениот план на глобалната влада. Но, Грција преживеала многу потешки искушенија, и секогаш ги надминувала преку верата во Христа и бесмртните идеали на нашиот народ. Особено Православната Црква секогаш била арка за спасение на Грците… Црквата не е министерство за социјална правда, нејзината цел и задача е Царството Небесно, и затоа таа е инспирација за нас во надминувањето на нашите слабости. Во денешната ситуација, кога државата е беспомошна, се создава вакуум кој го пополнува Црквата. Нашите средства се ограничени, но со неограничена љубов и вера во Господа ја спроведуваме нашата мисија. Ако е тоа потребно, подготвени сме да ги продадеме кандилата и лампадите од нашите цркви за да им помогнеме на оние кои се во нужда.“

Извор: Ruskline.ru