Серафим Пирејски против законот за хомосексуални партнерства

"Серафим Пирејски против законот за хомосексуални партнерства"

Епископот Пирејски, г. Серафим, се закани дека ќе ги одлачи од Црквата сите членови на грчкиот Парламент кои ќе гласаат за усвојување на амандманот за хомосексуални партнерства.

Неколку дена по пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, кој пресуди дека отстранувањето на истополовите партнерства од Законот за граѓански партнерства е спротивно на Европската Конвенција за човекови права, Владата во Грција разгледува нов закон.

Во соопштение објавено на вебстраната на Пирејската Митрополија, епископот Серафим вели дека преку амандманот „Грција ќе го институционализира, и тоа на најодвратен начин, изопачувањето на човечката онтологија и физиологија, утврдувајќи го психопатолошкото застранување наречено хомосексуалност“. Продолжува цитирајќи го Светото Писмо на Стариот и Новиот Завет, посочувајќи примери за противприродноста на мажеложништвото: „Или не знаете дека неправедниците нема да го наследат царството Божјо? Не лажете се: ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубодејците, ниту ракоблудците, ни мажеложниците, ниту крадците, ни користољупците, ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат царството Божјо.“ (1Кор. 6,9-10).

Г. Серафим упати покана за итно состанување на ерархијата на Црквата во Грција, зашто, според него, „во овие трагични времиња, мора да го разгледаме случајот и да ги спроведеме потребните мерки, како што тоа го направи Црквата во Молдавија“.

На крајот, тој упати апел и до Владата, да не продолжува со спроведување на „оваа навреда против Бога и човекот“.

Извор: www.imp.gr