Синодот на Грчката Црква побара од Русија да ги ублажи санкциите кон Грција

"Синодот на Грчката Црква побара од Русија да ги ублажи санкциите кон Грција"

Синодот на Атинската Архиепископија испрати писмо до Неговата Светост, Патријархот Кирил Московски и Руски. Во писмото, Свештениот Синод на Грчката Црква го замолува Патријархот да побара од Владата на Руската Федерација да ги олесни санкциите воведени за грчките полјоделски производи (особено за праските), чии производители се во особено тешка ситуација поради грчката економска криза, објаснува порталот Седмица.ру.

Писмото упатено до рускиот Патријарх било донесено на редовната седница на Синодот на 25 август годинава.

Извор: Правмир