Сирија: Агенциите јавуваат за нов случај на убиство на христијанин

"Сирија: Агенциите јавуваат за нов случај на убиство на христијанин"

Според јавувањата на арапскиот сајт Aleteia.org, кои подоцна беа потврдени од новинската агенција Фидес, на 8 јануари годинава уште еден христијанин бил обезглавен, а неговото безживотно тело било прободено со крстот што го носел околу вратот.

Учесниците во оваа случка, младите христијани Фади и Фирас патувале од Хомс кон христијанското село Мармарита. По пат биле сопрени и нападнати од пет муџахедини, кои отвориле оган врз возилото. Според агенциите, терористите се приближиле до автомобилот, и откако виделе дека едниот од патниците (Фади) носи крст околу вратот, го обезглавиле, и потоа му го забиле крстот во градниот кош. Сопатникот на веќе обезглавениот Фади, Фирас, го претепале и го оставиле на земјата, мислејќи дека и тој им подлегнал на повредите што му ги задале. Потоа ги ограбиле и го уништиле возилото.

Меѓутоа, Фирас се освестил и откако го здогледал безживотното тело на својот пријател, успеал да се довлечка до селото ал-Муштаја, од каде што бил пренесен во болница.

Извор: www.aleteia.org