Славски колач во „Етно-село Тимчевски“

"Славски колач во „Етно-село Тимчевски“"

На 21.09.2020 г., празник на Рождеството на Пресвета Богородица, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, го благослови и пресече славскиот колач што  беше принесен од семејството на сопственикот на угостителскиот комплекс Етно село, г. Горан Тимчевски. Молитвениот чин, во присуство на поголем број присутни, за првпат беше отслужен пред параклисот „Рождество на Пресвета Богородица,“ којшто во дворот на комплексот го изградил и го украсил со иконостас во дрворез, г. Горан Тимчевски. Во словото што Митрополитот г. Григориј го изрече по тој повод, рече дека г. Горан, заради неговата богољубива дарежливост којашто е израз на неговата вера и љубов кон својата Црква, се вброи во редот на големите ктитори на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Иако тој прекрасен црковен објект нема да биде со литургиска функција и за другите светотаински чинодејствија, сепак е благословен трудот што го вложиле иницијаторот и градителите, за на гостите, освен трпеза со телесна храна, да им обезбедат и богодолично место каде што ќе можат да застанат и да вкусат од духовните плодови на молитвата.