Собор на Пресвета Богородица

"Собор на Пресвета Богородица"

На 8 јануари 2019 година, кога Црквата го слави Соборот на Пресвета Богородица, во соборниот храм на Свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.