Во Неделата по Воздвижението на Чесниот Крст, кога Црквата го празнува Соборот на сите македонски светители (4 октомври 2015 г. по Хр.), во соборната црква на светите Кирил и Методиј во Тетово беше отслужена Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. На претстојателот на Македонската Црква му сослужуваа Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите преспанско-пелагониски г. Петар, дебарско-кичевски г. Тимотеј, повардарски г. Агатангел, брегалнички г. Иларион, кумановско-осоговски г. д-р Јосиф и тетовско-гостиварски г. Јосиф. На семакедонскиот собор присуствуваа верници од сите краишта на татковината. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Извор: Тетовско-гостиварска епархија