Собор на свети Јован Крстител

"Собор на свети Јован Крстител"

На 20 јануари 2018 година, кога Црквата го слави Соборот на свети Јован Крстител, во храмот на свети Јован Крстител во Кратово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф во сослужение со митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф служеше света Златоустова Литургија.

На Светата Литургија, богословот Дејвид Јорданов од Кратово беше ракоположен во ѓаконски чин. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.